Почитувани, нашите доставувачи секојдневно вршат достава на сите наши производи под следните услови:

ВРЕМЕНСКИ ПЕРИОД НА ДОСТАВА
Доставата ја вршиме секој ден во два временски интервали и тоа:
од 10 до 15 часот
од 16 до 19 часот

Доколку одберете достава на Вашата нарачка, истата може да ви се достави во еден од понудените интервали и Вашата нарачка ќе биде испорачана во рамките на истиот. Доставата ќе биде извршена во рамките на избраниот период на достава и притоа нема можност за договарање на точно време, односно точен час за достава на конкретна локација.
Ние се трудиме секогаш да го испочитуваме договорениот период за достава, меѓутоа понекогаш постојат природни непогоди и фактори на кои не може да влијаеме, како што се: сообраќај, временски услови и слично.

ЛОКАЦИИ ЗА ДОСТАВА
Доставата ја вршиме во следните локации:
Центар, Аеродром, Карпош, Ченто, Автокоманда, Железара, Маџари, Стајковци, Инџиково, Хиподром, Трубарево, Гоце Делчев, Јурумлери, Ѓорче Петров (Ѓорче Петров, Ново Село, Волково, Чаир, Бутел 1, Бутел 2, Радишани, Визбегово, Кисела Вода (Кисела Вода, Драчево, Пинтија, Илинден, Марино, Кадино

ВАЖНО: Доколку до адресата/местото за достава нема асвалтен пат или пак е на стрмно угорно место, поради опасност од оштетување при транспорт на Вашата или некоја друга нарачка, доставата нема да биде извршена. Доставувачот има обврска да Ве контактира и да договорите начин на кој ќе ја преземете нарачката.
При нарачка ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба да се одбере реонот за достава. Ве молиме одбраниот РЕОН  да соодетствува со адресата на испорака која е наведена во нарачката. Доколку адресата се наоѓа во реон каде не вршиме достава, испораката нема да може да се изврши. Во овој случај ќе бидете контактирани со цел да договориме место и начин на преземање на нарачката.

ПОДАТОЦИ ЗА ИСПОРАКА
Доставата ќе биде извршена на местото/адресата наведена при Вашата нарачка. Ве молиме во тој период да обезбедите лице на соодветната адреса за прием на нарачката. Пред да се изврши доставата, вообичаена пракса е доставувачот да Ве побара на телефонскиот број кој сте сте го впишале при креирање на нарачката со цел да ја преземете истата.
Доколку доставувачот од причини на Ваша страна не успее да ја достави нарачката должен е да ја врати. Во ваков случај ШАРЛОТА нема обврска да врши повторна достава на истата нарачка и Вие сте должни да ја подигнете од нашето продажно место на ул. Карл Хрон број 88, Скопје.

ПЛАЌАЊЕ
Минималниот износ на нарачката доколку истата треба да биде доставена е 400 денари. Доставата е бесплатна до поголемиот дел од населбите / реоните за достава. До одделни подалечни места доставата се доплаќа 70/100/120 денари во зависност од одбраниот реон за достава.

  • Нема производи во кошничката.