За успешнa обработка на нарачките, потребни ни се име и презиме на нарачателот, адреса за доставување, е-маил адреса и број на телефон. Со помош на споменатите податоци можеме да ги испорачаме саканите производи, како и да ги известиме купувачите за моменталниот статус на нарачката. Во име на ШАРЛОТА се обврзуваме дека ќе ја чуваме приватноста на сите наши купувачи. Ги собираме само неопходните основни податоци за купувачите (корисниците) и податоците неопходни за работа и информирање на корисниците согласно добрите деловни обичаи и со цел давање квалитетна услуга. Сите податоци за купувачите/корисниците грижливо се чувани од губење, уништување, фалсификување или неавторизиран пристап. Вработените во ШАРЛОТА се обврзани да ја почитуваат доверливоста на вашите лични податоци.
Покрај наведените податоци, собираме, анализираме и обработуваме податоци во врска со производи кои нашите посетители ги пребаруваат и ги купуваат, како и страниците кои ги посетуваат. Добиените податоци ги користиме со цел да ја подобриме понудата и изгледот на нашата веб страна и да им овозможиме на посетителите едноставно користење и сигурно и лесно купување.
shop.sharlota.mk  користи тнр. „cookies“ за да им помогне на корисниците да го прилагодат користењето на интернетот на своите потреби. Cookie е текстуален фајл кој се доделува на хард дискот на компјутерот на корисникот од страна на мрежниот сервер. Cookies не можат да бидат искористени да стартуваат програм или да пренесат вирус до компјутерот на корисникот. Тие се доделуваат единствено на корисниците и можат да бидат прочитани од страна на мрежниот сервер во доменот кој Ви ги пратил. Една од основните намени на тнр. сookies е да Ви обезбеди погодности кои ќе Ви заштедат време.

СОГЛАСНОСТ И ПРОМЕНА НА УСЛОВИТЕ

Користењето на нашите сервиси подразбира согласност на корисникот со наведените услови на користење. shop.sharlota.mk се обврзува дека ќе се придржува до сè претходно наведено, а сите промени на условите стануваат важечки дури по објавувањето на оваа страница.

  • Нема производи во кошничката.